„Не разбирам“ кажа министерката за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за јавниот канал АРД во неделата вечерта. „Мислам дека некои работи можат да се разберат само ако самите ги видите“, додаде германската министерка.
Портпаролот на канцеларот Олаф Шолц изјави дека тој „не го дели мислењето на папата“. „Украина се спротивставува на агресор, користи широка меѓународна поддршка и дејствува во рамки на своето право на одбрана содржано во меѓународното право“, додаде Штефен Хебестрајт.
Папата Франциско во саботата, на прашање за ситуацијата во Украина, повика „да не се срамат да преговараат пред нештата да се влошат“. „Верувам дека се најсилни оние кои ја гледаат ситуацијата, мислат на луѓето и имаат храброст да кренат бело знаме и да преговараат“, кажа тој.
Бербок, пак, изјави дека ако Украина и нејзините сојузници „сега не покажат сила, нема да има мир. Мораме да застанеме со Украина и да направиме сè што е во наша моќ за да обезбедиме да може да се брани.
Германија е втора на листата на воена помош на Украина, по Соединетите Американски Држави.