недела, 13 октомври 2024

Германија прогласи крај на епидемијата на коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

Поради тоа, во Германија на полноќ истече барањето за носење заштитни маски, како и важењето на другите мерки против коронавирусот.

Првпат по три години повеќе нема да има владини ограничувања во врска со епидемијата, објавија денес германските медиуми.

До неодамна посетителите на болниците и домовите за стари лица мораа да носат ФФП2 маски, а истото важеше за посетителите на медицинските ординации и установите за деца.

Сега тие правила ги укина германската држава, меѓутоа медицинските установи и понатаму може да бараат носење маски.

Шефот на германското здружение на болници Гералд Гас истакна дека болниците навикнале „да одредуваат хигиенски мерки за заштита на своите пациенти, дури и независно од короната“. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах кажа дека може да се каже дека епидемијата во Германија е завршена.

Министерот оцени дека Германија успешно ја надминала епидемијата, но напомена дека е нејасно како ќе продолжи финансирањето на вакцинирањето по завршувањето на важноста на указот за вакцинација против коронавирусот.

Вакцинациите против ковид треба да бидат вклучени во редовната нега, кажа Лаутербах, изразувајќи разочарување од тоа што осигурителните друштва и лекарите не договориле идна цена за рефундирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ