Мечот беше неизвесен во целиот тек, двете репрезентации имаа свои периоди и се менуваа во водство.
Клучен за победата на Германија беше голманот Давид Шпед кој имаше фантастична партија, вклучувајќи ја и одбраната во последната минута со која беше откажана Шпанија. Тоа се случи во последните 20 секунди кога Германците имаа предност од 32-31. Откако промашија Шпанците, Германија даде уште еден гол за конечни 33-31.
Најефикасен во составот на Германија беше Ушчинс со осум голови, во редовите на Шпанија, Гомез реализираше десет погодоци.
Во последното коло Шпанија во директен дуел со Хрватска ќе одлучува која репрезентација од овие две ќе оди во четвртфиналето.
Хрватите претходно денеска убедливо загубија од Шведска со 38-27.