недела, 15 декември 2024

Герасимовски негира дека сијаличките во Центар не биле поставени според законите

Светилките не се поставени под законскиот минимум, проблемот е во недоволната внимателност и професионалност на Комунална хигиена, реагираа од Оштина Центар откако денеска градското јавно претпријатие реагираше на обвинувањата на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски дека Комунална хигиена ги скинало новогодишните сијалички што ги постави општината.

Објавено на

часот

Сподели

Од Општина Центар велат дека доколку тврдењата на Комунална хигиена беа точни, дека светилките се поставени под законскиот минимум од 4,7 метри, тогаш сите светилки долж улицата Орце Николов ќе беа уништени уште при првото поминување на камионите.

„Но, тоа не е случај. Очигледно е дека проблемот не е во висината на светилките, туку во недоволната внимателност и професионалност на екипите кои го извршуваат подигањето на отпадот. Исто така, со оглед на тоа што декорациите се поставени пред повеќе од 10 дена, логично е да се запрашаме дали камионите на Комунална хигиена воопшто минуваат по оваа улица или пак не ја извршуваат својата должност редовно. Наместо префрлање на одговорноста, очекуваме одговорно однесување и професионалност за да се избегнат вакви инциденти во иднина. Грижата за безбедноста на граѓаните е обврска на сите нас“, велат од Општина Центар.

Од општина Центар упатија апел до Комунална хигиена „да вложи повеќе напори за усогласена и квалитетна услуга, наместо да бара изговори за сопствените пропусти, како и за денешниот случај кога од камионот на Комунална хигиена тече течност од ѓубрето по улиците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ