понеделник, 14 октомври 2024

Герасимовски: Дивоградбите да ги ставиме на располагање на граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо да трошиме пари од буџетот за уривање, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на нелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби“, објави градоначалникот на социјалните медиуми.

Герасимовски истакнува дека во Општина Центар има неколку големи дивоградби, чие уривање би чинело стотици илјади евра.

„Време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичко насилство“ пишува Герасимовски на својот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ