На две недели до почетокот на континенталниот собир, селекторот Звонко Шундовски реши дека Георгиевски е вишок во националниот состав и го пречкрта од списокот од 18-те играчи што беа на поширокиот список на репрезентативци.
Ванчо Димовски, пикерот на репрезентацијата, е повреден, но според сите најави, би требало да биде подготвен за првиот дел од ЕП, па затоа и стручниот штаб не се откажува од него, без оглед што Димовски е во трка со времето за да закрепне до самиот почеток на шампионатот.
Македонија на ЕП ќе игра во Ниш во група со Германија, Шведска и Чешка и низ тие дуели ќе бара една победа за да го продолжи настапот на ЕП во Белград.