сабота, 15 март 2025

Генералниот секретар на НАТО ќе го посети Косово на 11 март

Се очекува генералниот секретар на НАТО Марк Руте да го посети Косово на 11 март, прв пат од преземањето на должноста, дознава Радио слободна Европа од дипломатски извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ден претходно, на 10 март, шефот на западниот воен пакт ќе ја посети Босна и Херцеговина.

Се очекува за време на посетата на Косово Руте да биде придружуван од амбасадори на земји членки на НАТО.

Во меѓувреме, НАТО сè уште не ја најавило официјално посетата, но самиот Руте најави посета на Косово во текот на март.

Генералниот секретар на НАТО пред неколку дена во Братислава и кажа дека стабилноста на Косово, во БиХ и во Србија е во интерес на сите и дека не гледа причина да верува дека може да дојде до драматични промени во поглед на американската посветеност на НАТО.

Делегацијата на НАТО на чело со генералниот секретар ќе ја посети и мисијата на Кфор, која ја предводи НАТО. Во моментов во оваа мисија има околу 4.700 војници. Од нив Италија има најголем контингент со 1.250 припадници, бидејќи ја има и командата, додека Соединетите Американски Држави во таа мисија имаат околу 600 припадници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ