понеделник, 11 ноември 2024

Гаши во честитката за 11 Октомври повика на обединување во битката за подобро утре на сите

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод Денот на народното востание 11 Октомври од свое име и од име на пратениците. Тој во честитката повика на обединување на сите граѓани во битката за подобро утре на сите.

Објавено на

часот

Сподели

„На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес. Денес, Република Северна Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници.

На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба – денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Северна Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени.

Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас“, се вели во честитката на претседателот на македонското Собрание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ