среда, 16 октомври 2024

Гаши по барањето од Митрески: Не можам да свикам веќе свикана комисија за да расправа за бранителите

„Мене ми е одземена можноста да свикам седница која е веќе свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Така што, тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади да одлучи за законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства“, изјави претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши на брифинг со новинарите во врска со барањето на потретседателот на Собранието, Јован Митрески за автентично толкување на член од Деловникот. Новинарите го прашаа Гаши дали претседателката на комисијата, Илире Даути го прекршила Деловникот со одбивањето таа точка да ја стави на дневен ред.

Објавено на

часот

Сподели

„Како претседател на Собранието јас сум обврзан да го применувам Деловниот, но не сум тој кој суди дали некој прекршил или не. Тоа останува во просторот за интерпретација на различен политички и правен аспект, рече Гаши.

Гаши информира дека ќе свика седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но не по вчерашното барање на потпретседателот на Собранието и пратеник од СДСМ Јован Митревски тој да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања да свика седница, каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3, односно да постапи на ист начин со законот за бранителите, како и во случајот со законот за здолжувањето со Унгарија.

„Според Деловникот, член 26 став 4, претседателот на Собранието може да свика седница по барање на потпретседателот избран од опозицијата. Но, јас поодамна најавив дека кога ќе се појави колизија помеѓу членови од Деловникот ќе свикаме Комисија за деловнички имунитетни прашања. И тука во Комисијата, ако е можно заедно со експертската јавност, да донесеме поквалитетни заклучоци со кои ќе се служат и актуелниот состав, но и во иднина другите собраниски состави, рече Гаши.

Вчера потпретседателот на Собранието Јован Митрески побара од претседателот Африм Гаши да ја задолжи собраниската комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања да свика седница, каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3 од Деловникот за работа на пратениците, односно да постапи на ист начин со законот за бранителите, како и во случајот со законот за здолжувањето со Унгарија.

„Ако врз основа на истиот член господинот Африм Гаши ја свика Комисијата за финансирање и буџет за задолжувањето со Унгарија, што реално е и негова деловничка обврска, истото може да го направи и за Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили“, рече Митрески.

Во врска пак, со прашањето за укинувањето на балансерот, Гаши рече дека има информации дека се подготвува закон за правична застапеност, кој би требало да го замени балансерот.

„Ова прашање е во доменот на политичките партии и на политиката. Јас од функцијата претседател на Собранието не можам да коментирам за ова прашање, но бидејќи сум во Собранието и сум во контакт со пратениците од сите политички партии, има информации дека се подготвува таков закон“, рече Гаши.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ