сабота, 7 септември 2024
Централно претседателство на Алтернатива

Гаши е овластен да преговара за соработка и коалицирање со албански опозиционери, соопшти Муртезани

Објавено на

часот

Сподели

„Ова од страна на Алтернатива се смета како еден чекор во насока на идните евентуални соработки и до ова е дојдено како резултат на слушање на гласот на албанскиот електорат во Македонија којшто веќе 20 години инсистира на промени“, рече Муртезани по завршувањето на состанокот на Централното претседателство на партијата.  

На новинарско прашање до каде може да оди соработката со Движењето Беса и дали може да има некаква коалициска соработка на следните избори, Муртезани рече:

„Не ограничивме како ќе тече оваа соработка. Затоа Централното претседателство го овласти претседателот без никакви ограничувања, било за соработка во рамки на Собранието или било за можни предизборни коалиции во иднина. Подготвени сме и отворени за секаков вид на соработка“.  

Муртезани соопшти дека вечерва на состанокот на Централното претседателство на Алтернатива е разговарано за актуелните теми поврзано со уставните измени, со предлог амандманот на Алтернатива за незастарување на дела од политичка корупција, евроинтегративните процеси.  

Прашан дали со ова покажуваат дека поминале претходните препукувања меѓу Беса и Алтернатива, Муртезани изјави дека не ги заборавиле политичките разлики што ги имале во минатото, но и сегашните.

„Ние не ги заборавивме политичките разлики кога имавме соработка со други партии за време на изборните циклуси, ниту во овој случај не ги забораваме политичките разлики што ги имаме, но гласот на граѓаните е многу јасен и тоа се бара во овој случај, да се надминуваме себеси и да можеме да создадеме простор да овозможиме реализација на политички промени во албанската опозиција“, рече Муртезани.

Како што денеска за МКД.мк потврдија од Движењето Беса, се водат разговори за соработка.

„Вистина е дека сме воспоставиле комуникација со Алтернатива како опозициска партија и сме во насока на приближување на ставовите“, рекоа меѓу другото од партијата на Биљал Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ