понеделник, 14 октомври 2024
Од интервју на лидерот на Алтернатива

Гаши: Ако овој парламентарен состав не сака уставни измени, тогаш на есен да се одржат избори

Објавено на

часот

Сподели

„На избори сите партии ќе се соочат со своите гласачи за уставните измени, сите би добиле согласност да влезат во овој процес и после изборите јас сум убеден дека новиот парламентарен состав ќе ги изгласа уставните измени. Идејата е на есен да има избори и на крајот на есента да имаме нов состав на парламентот и да продолжат со процесот таму каде што е застанат, да гласаме за потребата за уставни измени за веднаш потоа да се отворат поглавјата и да продолжи процесот за што поскора интеграција на земјата во ЕУ“, вели Гаши.

Како широка коалиција, Алтернатива, Беса и Демократско движење нудиме да ја испратиме ДУИ во опозиција, затоа што е потврдено дека има големи проблеми со таа партија, вели Гаши.

„И американскиот Стејт департмент стави на црната листа неколку членови на таа партија поради тоа што секој ден излегуваат нови афери за партијата, но и поради фактот дека сме заглавени во овој момент. Тоа е доказ дека Албанците бараат друг фронт и друг пат за продолжување на европскиот пат, но без крадење и без корупција. Алтернатива е посветена на овој пат и ќе направиме сè што е во наша моќ како партија, заедно со Движењето Беса и Демократското движење, но и со други субјекти. Ќе ги поканиме сите интелектуалци, невладините организации, сите луѓе со добра волја кои ѝ го сакаат доброто на оваа земја, да ни се придружат и да ја направиме оваа многу очекувана промена за Албанците“, вели Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ