недела, 19 јануари 2025

Гаши: 2025 година нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава

Изминатата 2024 година беше година на предизвици и суштински промени, а претстојната 2025 година ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши во новогодишеното видео обраќање објавено денеска на неговиот фејсбук профил.

Објавено на

часот

Сподели

„Во пресрет на новогодишните празници, чувствувам дека е совршен момент да рефлектираме за она што го поминавме, како и да го отвориме патот за новата година со нови можности. Годината што ја оставаме зад нас, имаше предизвици, но и суштински промени. Нашето Собрание, по политичката ротација годинава, имаше нов состав и динамика. Покажавме сериозен ангажман во зголемувањето на транспарентноста и парламентарната дипломатија“, вели претседателот на Собранието во видео обраќањето.

Годината што доаѓа, нагласува Гаши, ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено и просперитетно.

„Сечија посветеност е клучна за остварување на нашите заеднички аспирации. Затоа, надвор од какви било разлики, да работиме заедно и да ја направиме реалност оваа идеална држава со нашите заеднички вредности. За крај, дозволете ми во мое лично име, во името на пратениците и во името на Собранието да ви честитам Нова Година со здравје, мир и среќа на вам и вашите семејства. Срдечно, среќна Нова 2025 година“, вели Гаши во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ