Откако во понеделникот низ светот одекна веста дека страшен земјотрес од 7,8 степени ги опустоши југоисточна Турција и Сирија, бројот на жртвите секојдневно расте. До денес официјално во Турција загинале 18.342, а во Сирија 3.377 луѓе. Овие потресни информации не ги оставија рамнодушни срцата на македонските граѓани. Тие уште веднаш низ повеќе фејсбук-групи почнаа да се организираат за да испратат помош. Турски студенти што учат во земјава поставија пункт за донации во центарот на Скопје, па донациите на плоштадот веќе личат на планина од ќебиња, топла облека и вода.
Фото: Роберт Атанасовски