Молде може да жали што не го победи Галатасарај на свој терен, одиграа подобро, но Галатасарај имаше искусни играчи кои знаеа како да користат шанси и дојде до победата за голема предност во реваншот во Истанбул.
Норвежаните тргнаа офанзивно од самиот старт, а тоа резултираше со гол на Елингсен уште во осмата минута за водство на Молде од 1-0.
Но следуваа блескави четири минути на Галатасарај. Најпрво Серж Оливеира во 25. минута од слободен удар даде гол за 1-1, а само четири минути подоцна Икарди со прекрасен волеј донесе водство за Турците.
По десетина минути игра во второто полувреме Хауген го изедначи резултатот на 2-2.
Молде се обидуваше да дојде и до ново водство, напаѓаше, создаваше шанси, но на крајот, во 93. минута по една нивна грешка, Икарди асистираше до Мидсјо кој погоди за победа на Галатасарај од 3-2.
Одличен резултат за турскиот тим во пресрет на реваншот во Истанбул.
Брага со 2-1 го победи Панатенаикос во Португалија, грчкиот тим својот гол го постигна далбоко во судиското продолжение од мечот.
Брага поведе со 2-0 со голови на Руиз и Џало и се чинеше дека со тој резултат ќе заврши мечот. Но Мансини реализираше во 95. минута за 2-1, гол кој може да биде клучен за патникот во Лигата на шампионите.
Немаше голови на мечот меѓу Макаби Хаифа и Јанг Бојс.