понеделник, 9 декември 2024

Фрлена бомба на зградата на општина Звечан на северот на Косово

На зградата на општината Звечан на северот на Косово, каде живее мнозинско српско население, синоќа по полноќ е фрлена експлозивна направа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, кажа дека се сомнева дека станува збор за рачна бомба тип М-75.

Ељшани кажа дека во нападот е оштетена зградата на општината и четири возила паркирани во близина.

Тој наведе дека полицијата отворила истрага.

Како што кажа Ељшани, во експлозијата немало повредени, а полицијата сè уште не идентификувала ниеден осомничен за нападот.

Градоначалникот на Звечан Илир Пеци го осуди нападот, оценувајќи дека такви нешта се неприфатливи.

Во општината Звечан вчера била одржана седница на општинското собрание по повод одбележувањето на Денот на знамето на Албанија.

Пред таа седница Пеци, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека не верува дека одбележувањето на Денот на знамето на Албанија му пречи на локалното српско население, додавајќи дека ги почитува барањата на сите граѓани.

„Право на секој граѓанин е дека организира и слави свои празници. Како градоначалник, моја должност е тоа да го почитувам и колку можам да помогнам“, кажа Пеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ