Фрчкоски го повика министерот Муцунски „јавно, со минимум аргументи и докази, да покаже случај на, не мора шестоцифрена, ако му е многу, еве на двоцифрена злоупотреба на финасиски средства“ што Фрчкоски ги направил надвор од овластувањата, а „кои со Законот за надворешни работи се овластувања на секој амбасадор“.
„Го повикувам исто така министерот да не прави крупни, елементарни правни пропусти за да добие посакуван резултат со конструирање на наводни злоупотреби, праќајќи во ревизија нелиценцирани, ненадлежни ревизори во пензија за што има докази и сведоци, чија ‘истрага и акти – извештај’ не може да бидат користени како никаков правен доказ ниту во дисциплинска ниту во судска постапка. Имено, да не води ‘вмровски истраги’ туку да води нормални истраги, ако воопшто сака и има намера да дојде до вистината и фактите“. пишива Фрчкоски во неговата реакција на сомнежите на Муцунски.