Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за првите мечеви на отворањето на шампионатот и на Македонија и го делегираше францускиот двоец против најтрофејната нација од европските првенства.
На дуелот Германија – Чешка, со кој официјално ќе почне ЕП и се игра пред нашиот, ќе суди норвешката двојка Абрахамсен-Кристијансен, додека судии за дуелите во Белград се Шпанците Рали и Сабросо на мечот Полска – Србија односно Русите Зотин – Володков на мечот Данска – Словачка.