петок, 8 ноември 2024
ИЗДРЖА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ

Француски голман за својата фудбалска авантура во Турција: Ми го отруjа кучето, не земав плата со месеци…

Францускиот голман, Пол Бернардони ја раскажа својата авантура во Турција, каде издржа само шест месеци, откри дека му го отруле кучето, и плата земал само откако интервенирала ФИФА.

Објавено на

часот

Сподели

По преселбата на Анже во втора лига, Пол Бернардони се решил авантура надвор од Франција и одбрал преселба во Коњаспор, но тој во Турција едвај издржа шест месеци.

Во разговор со Ле Паризиен, голманот раскажа зошто решил да го раскине договорот по само една полусезона.

„Од спортски аспект, играв на 17 натпревари, но од аспект на обичен човек, беше ужасно“ – вели Пол Бернардони.

„Ми го отруја кучето, кое го имав од почетокот на кариерата и ме пратеше каде и да одев. Таму има многу улични кучиња, и луѓето не ги сакаат…“.

„Еднаш не добив плата точно како што пишува во договорот. Само два пати земав плата. Еднаш кога интервенираше ФИФА, и вториот пат кога го раскинав договорот. Во првите два месеци не видов ниту едно евро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ