„Тоа е она на кое што работиме. Паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со нашиот План за раст од 6 милијарди евра за регионот“, наведе Фон дер Лајен во објавата.
Глави теми на работниот ручек беа меѓусебната соработка и Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија, во чии рамки е формиран Инструмент за раст и реформи, вреден шест милијарди евра, наменети за реформи и проекти поврзани со социо-економската сфера и основните права.
На работниот ручек со Фон дер Лајен присуствуваше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој на фејсбук напиша дека на ручекот ја повторил заложбата за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.
„Регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата. Мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес“, подвлекол Мицкоски.
На рааботниот ручек присуствуваа и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Мицкоски попладнево во Брисел ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.
Премиерот при посетата на Брисел е придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани.