недела, 13 октомври 2024

Фон дер Лаен: Треба да ги приближиме до Унијата земјите што сакаат да станат членки

Објавено на

часот

Сподели

„Ние треба многу побрзо да ги приближуваме нашите пријатели, земјите што сакаат да станат членки на ЕУ, до Унијата“, напиша Фон дер Лаен на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Таа додаде дека ѝ е драго што е во Атина за да разговара за европската перспектива на соседите и партнерите на истокот и на Западен Балкан.

„Ќе продолжиме да ги уриваме бариерите меѓу нашите региони“, рече претседателката на Европската комисија.

Фон дер Лаен учествуваше на вечерата организирана од премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ