сабота, 30 ноември 2024

Фолксваген го претстави освежениот туарег (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Редизајнираниот туарег се препознава по новите светла на предниот дел, кои Фолксваген ги вика „ај-кју лајт ХД матрикс ЛЕД“, поврзани со светлосна лента.

Новина е и осветлениот амблем на задниот дел.

Редизајнот носи и мали стилски промени на надворешноста, како и нова мат сива нијанса резервирана за Р ехибрид и Р-лајн верзиите на туарег.

Кабината е позната од претходно, но сега има нови апликации и технологии.

Од технолошка страна, туарег сега има сензор на покривот кој детектира куфер (доколку е поставен), врз основа на што автоматски се нагодува електронскиот систем за контрола на стабилноста.

Фолксваген наведува дека е подобрена и амортизацијата „за максимална удобност и оптимални перформанси“.

Луксузниот кросовер се нуди само со V6м мотори: 3.0 V6 бензинецот стартува со 340 коњски сили, дизелите даваат 231 и 286 коњски сили, а врвот на понудата се два плагин хибриди со 381 и 462 коњски сили.

Цените на туарег во Германија почнуваат од 69.200 евра, а најмоќниот хибрид ќе може да се купи за дури 93.700 евра.

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

туарег

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ