Одбранбените сили на Финска од летото проценуваат дали се неопходни противпешадиските мини, изјави Министерството за одбрана за АФП.
„Таа ревизија е мотивирана од лекциите од војната во Украина и деградацијата на безбедносната ситуација“, соопшти министерството, додавајќи дека извештајот за тоа ќе биде објавен следната година, пренесува Бета-АФП.
Финска ја потпиша Конвенцијата во 2012 година, но смета дека состојбата на меѓународната безбедност денес веќе не е иста. Оттогаш Хелсинки ги уништи сите мини што ги имаше, околу еден милион.
Нордиската земја, која дели 1.340 километри граница со Русија, се откажа од децениското воено неврзување и се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Во Финска е во тек „сериозна дискусија за мините“, изјави премиерот Петери Орпо пред своите нордиски и балтички колеги на прес-конференција во Шведска во средата.
Конвенцијата од Отава беше прифатена од 164 држави и територии со право на вето, вклучително и Украина, но не и САД или Русија. Тој документ забранува набавка, производство, складирање и користење на противпешадиски мини.
Киев ја обвинува Москва дека спроведува „геноцидни активности“ со употребата на противпешадиски мини во Украина.