среда, 11 декември 2024

Финска и Украина потпишаа десетгодишен договор (ВИДЕО)

Финскиот претседател Александар Стуб и шефот на украинската држава Володимир Зеленски во Украина потпишаа договор за безбедносна соработка и долгорочна поддршка, соопшти кабинетот на финскиот претседател.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Договорот опфаќа голем број теми – политичка поддршка, поддршка за украинската одбрана и безбедност и поддршка за украинските реформи и обнова.

„Десетгодишниот договор е доказ за долгорочната посветеност на Финска во поддршката на Украина“, соопшти канцеларијата на Стуб.

Стуб му рекол на украинскиот претседател дека Финска ќе испрати уште еден пакет одбранбен материјал во вредност од околу 188 милиони евра, што ќе го зголеми вкупниот придонес на Финска во Украина од 2022 година на околу две милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ