„Макабро“ е најстариот жанровски фестивал во Мексико, и вториот најстар фестивал од овој тип во Латинска Америка. Поддржан е од градот Мексико Сити, Мексиканскиот филмски институт, Кинотеката на Мексико и Националниот универзитет на Мексико, создавајќи еден од најзначајните филмски настани исполнети со обемна програма на краткометражни и долгометражни жанровски филмови, работилници и панел-дискусии.
Филмскот фестивал „Макабро“ низ годините се етаблира како културен промотор и константен магнет за младата публика пред која се презентираат филмски остварувања од доменот на фантастика, хорор, трилер, но низ посебен авторски печат и наративен израз.
„М“ ја продолжува својата фестивалска турнеја со британска и косовска премиера – во официјалните селекции на интернациналниот филмски фестивал „Гримфест“ во Манчестер, британскиот претставник на фестивалската групација Мелиес; и Интернационалниот Филмски фестивал Прифест во Приштина, најголемиот косовски фестивал што низ годините се етаблира како еден од водечките во регионот.