вторник, 15 октомври 2024

ФИФА го суспендираше Рубиалес од сите активности поврзани со фудбал

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на дисциплинската комисија при ФИФА, Хорхе Иван Паласио од Колумбија, денеска ги искористи овластувањата од член 51 од дисциплинскиот кодекс на ФИФА и изрече суспензија за Луис Рубиалес од сите активности поврзани со фудбалот на национално и меѓународно ниво.

Суспензијата стапува на сила од денеска и привично ќе трае 90 дена, се додека се процесуира дисциплинската постапка која е почната против Рубиалес.

Покрај суспензијата, Луис Рубиалес доби забрана во наредниот период, додека трае истрагата да контактира лично или преку други луѓе со фудбалерката Џенифер Хермосо која ја бакна на доделувањето на медалите.

Бакнежот од Рубиалес за Хермосо ја згрози јавноста, светските шампионки одбиваат да играат додека тој е на функцијата, а кон протестита почнаа да се приклучуваат и репрезентативци од машката селекција на Шпанија.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ