понеделник, 7 октомври 2024

ФФМ го суспендираше теренот во Неготино по инцидентот на мечот со Охрид

Вардар Неготино во наредните натпревари ќе биде домаќин надвор од својот град поради суспензијата на стадионот која им ја изрече ФФМ поради инцидентот на мечот од Втората фудбалска лига на Македонија против Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

По завршувањето на мечот меѓу Вардар Неготино и Охрид кој го добија гостите со 1-0. Голманот на охриѓани беше нападнат од неслужбени лица.

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари,на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино . Суспензијата стапува на сила веднаш“, стои во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ