недела, 10 ноември 2024

Фетаи: По укинувањето на „балансерот“, вработувања според уставното правило за правична застапеност

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција по повод 100-те дена на Владата истакна дека е на ставот дека замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања.

Објавено на

часот

Сподели

Но, Фетаи смета и дека треба да биде донесен закон за правична застапеност, односно дека тој требало да биде донесен уште пред 22 години.

„Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска обврска со контролни механизми. Вакво нешто недостасуваше до сега, а особено со ‘балансерот“, за кој знаеме дека беше многу злоупотребуван и не овозможуваше правична застапеност“, смета вицепремиерот Арбен Фетаи.

Тој на денешната прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарско прашање дали се согласува законот за правична застапеност да биде согласно препораките на Венецијанската комисија според барањето на премиерот, одговори дека меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија.

Тој е на ставот дека замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања.

„Правичната застапеност е дел од Уставот. ‘Балансерот’ беше дигитална алатка која овозможуваше реализирање на годишните планови за вработување. Замрзнувањето на ‘балансерот’ е додека да најдеме ново законско решение. Ова нема да ги спречи вработувањата. Ќе има вработувања според уставното правило на правична застапеност, како што кажа и премиерот. За законот за правична застапеност се зборуваше со години. Јас сум еден од оние кој во рамките на мојата партија, Алијанса за Албанците го изготви овој предлог закон со меѓународни експерти“, рече Фетаи.

Тој додаде дека Венецијанската комисија е механизам кој ни овозможува да донесеме решение кое ќе се вклопува со меѓународните практики на Советот на Европа. Исто така, потенцираше дека процесот на донесување на законот ќе биде транспарентен, ќе се вклучат експерти, граѓани, цивилното општество.

„Меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија. За овој закон се зборуваше со години наназад. Законот доцни 22 години. Требаше да се донесе во моментот кога го усвоивме амандманот 6 од Уставот. Но, важно е процесот да почне. Ќе бидат вклучени експерти, граѓани, цивилното општество, како и медиуми. Процесот ќе биде транспарентен, и секој ќе има можност да даде свое мислење, со цел да се најде најдоброто законско решение за реализирање на уставното право“, додаде Фетаи.

Прашан дали постои временска рамка кога би се донел законот за правична застапеност, Фетаи рече дека не може да зборува за датуми, но постои политичка волја за да се почне процесот. Според него, најдобриот начин е законот да донесе во Собранието со консензус.

На новинарско прашање дали ги слуша препораките од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Фетаи одговори дека ја поддржуваат работата на оваа институција, ги прифаќаат нивните извештаи и ги следат нивните препораки.

„Јас имам постојани контакти со членови на Антикорупцијата. Активно учествуваме во изготвување на новиот закон против корупцијата и политички ја поддржуваме работата на оваа институција. Се разбира, ги прифаќаме нивните извештаи и ги следиме нивните препораки. Како вицепремиер и како дел од коалицијата, можам да кажам дека сите сме заинтересирани да докажеме дека нашата влада е реформска, посветена на владеење на правото и на борбата против корупцијата. Ќе видите дека за првпат ќе има промена околу пристапот на финансирање на институциите против корупцијата. Како Влада заинтересирани сме да инвестираме

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ