Спринт трката која помина во доминација на Ред Бул, двата болиди од овој тим донесоа 1-2 победа. Ферстапен прв ја мина целта, а потоа следуваше Серхио Перез.
На подиумот се најде и Карлос Сајнц јуниор од Ферари, следуваше двоецот на Астон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, шестти беше Нико Хулкенберг, а бодови освоија и Естебан Окон и Џорџ Расел.
Утре се вози главната трка за Големата награда на Австрија со почеток од 15 часот. На пол-позицијата е Ферстапен пред двоецот на Ферари, Леклер и Сајнц.