Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот Ресен од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на Фероинвест и ЕМС.
Инвеститорот, ресенската фирма Лумос груп, која инвестира во обновливи извори, е посветена на производството на чиста електрична енергија и на трендот на енергетската транзиција, а довербата за изведување на електраната му ја довери на Фероинвест како лидер на полето на енергетиката во последните 15 години.
Фероинвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени.
За своите клиенти, Фероинвест почна да изведува и батерии, преку кои се постигнува оптимално искористување на вишоците произведена електрична енергија од фотоволтаици.