вторник, 15 октомври 2024

Федерацијата БиХ воведе регистар на педофили, податоците никогаш нема да се бришат

Во Федерацијата БиХ денес почна примената на правилникот за регистар на педофили, за кој се очекува да обезбеди посилен надзор и проверки кои ќе им оневозможат на правосилно осудените лица работа со деца и малолетници. Правилникот ги регулира процесите на уписот во посебна евиденција на лица правосилно осудени за кривични дела против половата слобода и моралот кон деца и малолетници во Федерацијата БиХ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таквите податоци во регистарот се внесуваат трајно и нема да биде можно нивно бришење, но тие нема да бидат јавно достапни, а проверките на записите ќе се спроведуваат исклучиво на барање на институциите кои на тоа имаат законско право. Министерот за правда на Босна и Херцеговина Ведран Шкобиќ кажа за локалните медиуми дека податоците за записите во регистарот ќе може да ги проверуваат полицијата, обвинителството и судовите, но и установите како школите.

„Станува збор за институции кои имаат директно влијание во работата со деца како училиштата и градинките и кои при вработувањето нови работници секогаш ќе може да испратат барање до федералните или кантоналните министерства да проверат дали тоа лице е заведено во регистарот“, објасни Шкобиќ.

Полициските служби на кантоните ќе се казнуваат со парични казни од 5 до 10 илјади евра ако во пропишаниот рок не достават податоци на телото овластено за водење на регистарот. Касни од четири до седум и пол илјади евра им се закануваат, на пример, на директорите на училишта кои нема да побараат податоци од регистарот односно не спроведат проверка пред вработување наставник.

Казни се предвидени и за оние кои евентуално ќе злоупотребат податоци од регистарот, односно ако неовластено ги направат јавно достапни. Република Српска сличен регистар води уште од 2018 година, па сега истата пракса во двата ентитети треба да гарантира дека правосилно осудените педофили ќе бидат исто третирано во целата држава.

Во регистарот на РС, како што денес потврди ентитетскиот министер за правосудство Милош Букејловиќ, сега има податоци за 247 осудени лица. Потсети дека во тој ентитет за кривичните дела во кои жртвите се малолетници се предвидува казна до 30 години затвор, и не постои можност за откупување на казната за пари.

Почетокот на примената на регистарот на педофили доби голем публицитет во БиХ откако беа објавени информации дека глумецот Муамер Касумовиќ бил правосилно осуден за полово злоставување малолетник, но едногодишната затворска казна не ја отслужил, туку ја откупил со пари согласно можностите кои ги нуди кривичниот закон на Федерацијата БиХ.

Тој случај поттикна иницијатива за законски измени според кои откупување на казна до две години затвор би било забрането за лица осудени за сексуални деликти над малолетници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ