„Имаме силни мерки за сајбер-безбедност и не сме свесни за какво било нарушување на безбедноста на нашите системи“, рече претставникот, според Ројтерс.
ФБИ во понеделникот соопшти дека отворила истрага за наводите од кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека поранешниот претседател бил цел на хакери кои работеле за иранската влада.
Кампањата на Трамп го обвини Иран и се осврна на извештајот на истражувачите на Мајкрософт во петокот кој укажува дека хакери поврзани со иранската влада се обиделе да упаднат во сметката на „висок функционер“ во американската претседателска кампања.
Иранските власти негираат каква било поврзаност со обвинувањата за хакирање, а американската влада официјално не го обвини Иран.