сабота, 23 ноември 2024

Фаворит за нов германски канцелар: Трамп има добра меморија и нема да го слуша Шолц

Фридрих Мерц, лидерот на опозициските демохристијани, изјави дека како германски канцелар ќе се обиде да постигне договор со новоизбраниот претседател Доналд Трамп што ќе ја стави Германија на порамноправна основа. Се смета дека Мерц има најголеми шанси да го наследи канцеларот Олаф Шолц на предвремените избори, кои се очекуваат на почетокот на следната година, откако во средата се распадна владејачката тричлена коалиција на Шолц.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да преминеме од заспана сила од средна големина и повторно да станеме водечка сила од средна големина. Никогаш не сме ги артикулирале и застапувале нашите интереси доволно јасно во Германија, и тоа мора да го промениме. Американците се многу поактивни во овој поглед“, изјави Мерц за германското списание Штерн.

„Не треба да има корист само едната страна, туку треба да направиме добри договори за двете страни. Трамп тоа би го нарекол договор“, додаде тој. Мерц го наведе примерот со испораката на американски борбени авиони.

„Од Американците купуваме борбени авиони Ф-35 од потреба, но потоа треба да се одржуваат овде, а за тоа треба да ги добиеме и потребните капацитети. Тоа би било добра зделка за двете страни“, истакна лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

„Го следам Трамп и разговарам со многу луѓе кои многу добро го познаваат. Тие ми велат: Мора да му пријдеш со исправено држење и со јасност“, додаде Мерц. Тој ја обвини германската влада за лошиот одговор на американските избори, на кои Трамп излезе како јасен победник.

Тој смета дека Берлин требало да биде подготвен за таков исход, но наместо тоа избрал да застане на страната на демократската кандидатка Камала Харис. „Трамп има добра меморија. Новата администрација повеќе нема да ја слуша актуелната влада. Шолц сега стана ирелевантен на меѓународно ниво“, изјави Мерц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ