вторник, 8 октомври 2024
Лоцирањето во Косово не значи и екстрадиција во Македонија

Фатен Алил Демири, бегалецот кој повеќе од 10 години ѝ се крие на правдата за доживотната казна за „Монструм“

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МВР, тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Како учесник во сообраќајна несреќа во Косово на 1 април 2021 и бегалецот Африм Исмаиловиќ бил однесен во полициска станица, каде било утврдено дека се работи за лице кое е барано со потерница, по што му бил определен 48-часовен притвор. Апсењето на Исмаиловиќ всушност е случајност, поради сообраќајна несреќа.

Покрај Исмаиловиќ, во бегство во Косово беше и Алил Демири, исто така осуден на доживотен затвор во процесот Монструм, а Косово со години не ги екстрадира овие лица и покрај барањата на македонските власти.

Македонската страна досега испратила околу девет барања до косовските власти за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири, по кои не е постапено.

На 12 април пред 11 години околу 22 часот и 30 минути кај Смилковско Езеро беа пронајдени телата на уубиените момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Киро Тричковски и на 45-годишниот рибар Борче Стефковски. Истрагата тогаш беше по стариот закон за кривична постапка и барањето докази беше под водство на полицијата, а не под палката на обвинителот, како што е сега.

Два дена по петкратното убиство МВР направи профил на убијците по кои интензивно се трагаше.

Информациите од полицијата со која раководеше тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беа дека истрагата добро напредува. Утврдено беше дека возилото опел омега, кое беше најдено на 10 километри од Смилковско Езеро, било на местото на злосторството. МВР соопшти дека возилото е донесено во Македонија од странство, а на него биле ставени скопски таблички од друго возило. Како што минуваа деновите, МВР информираше дека секој ден има нов детаљ и нова трага што ги води до убијците, но во интерес на истрагата тие детали не се откриваа.

На 1 мај, 2012 четворица од осомничените сторители на петкратното убиство беа приведени, а потоа им беше определена мерка притвор.

По тогаш обвинетите, а сега осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се сторители на делото, полицијата распиша потерница. Тие на Косово беа осудени за нелегална трговија со оружје и откако ја одлежаа казната, излегоа на слобода.

Но во Македонија никогаш не беа екстрадирани.  Нивните имиња повеќе од 10 години се наоѓаат на листата на потраги на официјалната веб-страница на МВР.

Иако се најдени и не се повеќе недостапни, долг е патот за нивната екстрадиција во државава. 

Во автомобилот опел омега, кој беше најден неколку дена по убиството и со кој, според обвинението, се превезувале дел од обвинетите, биле пронајдени траги од ДНК на првообвинетиот Алил Демири, тврдеше обвинителството на едно од судските рочишта. Агим Исмаиловиќ, според обвинението, го зел ова возило од паркинг во Топанско Поле, додека обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по убиството, со истиот автомобил дошле на обиколницата кај Качанички пат, каде што ги чекал обвинетиот Хаки Азири, го оставиле опелот и се качиле во автомобилот на Азири.

На тркалата на автомобилот била најдена земја што се совпаѓа со земјиштето на Смилковско Езеро, но според Рауфи и ова не е релевантен доказ бидејќи таков вид земјиште имало на огромна површина.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ повеќе од 10 години спешно бегаат и се кријат од лицето на правдата. И кога на сите ни се чини дека можеби органите на прогонот се толку близу до екстрадиција на двајцата бегалци, фактите и постапките на институциите се тука да ни го докажат спротивното: дека тие не се достапни и покрај тоа што се знае нивната локација на престој.

Косово е местото што умешно ги крие Демири и Исмаиловиќ, но дури и кога се лоцирани не значи дека ќе бидат екстрадирани. 

Сега македонското Министерство за правда повторно ќе бара екстрадиција на овие лица кои доживотно треба да бидат зад решетки за кривичното дело тероризам за кое се осудени во државава. 

                                                                                                                                    К.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ