Советот за деловна соработка меѓу Турција и Македонија што работи под Одборот за надворешни економски односи на Република Турција (ДЕИК), нотира нерегуларности во работењето и фалсификувани фактури за извоз кои не се реализирани. Во допис до редакцијата, добивме фактури и дописи за истрагата за овој случај и од страна на обвинителството во Истанбул (истрага под број 2024/188556). За овој случај има и официјални документи и меѓуинституционални и меѓудржавни дописи. Ергунбаш овие фактури ги доставил до ДЕИК, од каде е и почната истрагата.
Од Управата за јавни приходи на Македонија, на барање на истанбулското Јавно обвинителство, добиена е информација во која се вели дека добиените фактури на фирмата Ергунбаш јапи сан АД до фирмата Ергун диш тичарет АД немаат никаква врска со Македонија. Фактурите не се признаени и од Царинската управа на Македонија. Во официјален документ од Царинската управа (19-006791-24-0001) се утврдува дека фактурите не се поврзани со царински постапки во земјава.
УЈП на 10 мај до истанбулското Јавно обвинителство известува (документ број E-82690061-220.02-36877) дека две од фактурите се регистрирани во системот, додека една не е.
Јавното обвинителство во Истанбул овие нерегуларности ги поврзува со Ведат Ергүнбаш, претседателот на Советот за деловна соработка, за да се покаже дека претседателот на Советот има деловни активности во Македонија или има извршено извоз во таа земја.
Овие нерегуларности се веќе потврдени, но Ергунбаш и натаму извршува официјални состаноци како претседател на Советот за деловна соработка помеѓу Турција и Македонија и се среќава со институции во Македонија. И покрај утврдените фалсификати, ДЕИК не го разрешил Ведат Ергүнбаш од неговата функција.
За овие информации побаравме и официјални информации од амбасадата на Турција во Скопје, но не добивме никаков одговор.
А.Д.