Економијата не постигна одржлив, забрзан и инклузивен економски раст од 4% до 2024 година, а инвестициите за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност останаа далеку под ветените 2 милијарди евра, анализираат во Фајнанс тинк.
„Стапката на невработеност не се симна на едноцифрено ниво, и покрај ветувањето, а индикаторите за вработеноста и активноста на младите и жените забележаа пад или стагнација, наспроти ветените зголемувања, Прагот за ДДВ регистрација не беше подигнат на 3 милиони денари, и покрај ветувањето“, наведува Фајнанс тинк во кусото известување за медиумите и наведува дека продолжуваат со работа на проширена верзија на „Економски компас“, со следење поширок сет економски, социјални, развојни индикатори, со посилен фокус врз младите и жените.