„Ако сега не се донесат уставни измени, Северна Македонија станува лесна мета на сите антиевропски агенди кои се обидуваат државата и граѓаните да ги задржат изолирани од целиот прозападен свет и од демократските и развојните процеси што ги нуди ЕУ.
Се наметнува што поголемо обединување на проевропските сили во земјава како единствен механизам кој ќе се спротивстави на политиките кои сакаат да ја изолираат земјата и европската иднина.
Затоа, апелираме секој политички субјект во државата кој е претставен во Собранието преку пратеници да се посвети на деблокирање на овој процес и што поскоро започнување на преговорите за членство во Европската Унија како единствена опција за иднина на граѓаните“, соопшти ЕДП.