петок, 29 ноември 2024

Евроамбасадорот Гир повторно потсети дека европското знаменце се употребува само за усогласување на македонските со законите на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива.

„Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат“, изјави Гир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ