По МЗТ Скопје, Еуро Никел е вториот полуфиналист во Купот на Македонија. Чаир беше одличен на почетокот, но кавадаречкиот тим успеа последен да се радува.
Во текот на првиот период Чаир дојде и до двојно поголема предност од Еуро Никел, беше 26-13. Во втората четвртина почна да се топи водството на чаирчани и на одморот се замина со нерешени 47-47.
Натпреварот имаше неизвесна завршница во која Еуро Никел подобро се снајде во последните минути и дојде до победа од 87-79.
Американецот Мек Смит Меквин со 28 поени и девет скока беше убедливо најдобар кај Еуро Никел, каде што одлично одиграа уште Џексон Дубински и Марјан Младеновиќ со 16 односно 15 поени. Давел Роби, пак, беше најдобар во поразениот тим и тоа со 20 поени и осум скока, додека Мустафица и Какруки остварија дабл-дабл со 19 поени и 10 скока односно 17 поени и 15 скока.
За противник во полуфиналето кошаркарите на ќе го имаат подобриот од последниот четвртфинален натпревар во кој се среќаваат домаќинот Пелистер и Феникс 2010.