петок, 15 ноември 2024

ЕУ се согласи со реформските агенди на Македонија, Aлбанија, Црна Гора и Србија, 6 милијарди евра на располагање

Европската Унија даде зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство, беше објавено денеска на официјалната страница на мрежата Х на Унгарија како претседавач со ЕУ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија беа одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, се наведува во соопштението.

Ова, се додава, го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство.

„Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство“, се вели во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, Македонија за периодот 2024-2027 треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан, кој со обезбедените дополнителни 6 милијарди евра треба да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ