среда, 9 октомври 2024

ЕУ ќе го забрани пушењето и вејпингот на отворено, „Луѓето се изложуваат на токсични честички“

Европската комисија ќе предложи продолжување на постоечката забрана за пушење на отворени простори, според нацрт предлогот што на увид го доби Еуроњуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Плановите, кои треба да бидат усвоени од извршната власт на ЕУ денеска, ќе ги прошират актуелните упатства од 2009 година насочени кон намалување на изложеноста на пасивно пушење на јавни места, работни места и во јавниот превоз.

Европската комисија ќе препорача забрана за пушење на терасите на кафулињата, автобуските постојки и зоолошките градини. Најновата верзија на нацртот, која сè уште е предмет на промени, се обидува да ги исчисти јавните простори од сите аеросоли, а не само од чадот од цигарите, така што е-цигарите и вејпингот исто така ќе бидат вклучени во забраната.

Упатствата не се правно обврзувачки, но обезбедуваат рамка за земјите-членки да ја следат како дел од пошироките напори за борба против ракот на белите дробови предизвикани од пушењето. Комисијата тврди дека во првите неколку години од спроведувањето во 2009-2012 веќе дошло до пад на изложеноста.

Новите препораки на Комисијата имаат за цел да се справат со поширокиот опсег на новите тутунски производи, вклучително и „загреани тутунски производи и електронски цигари, без разлика дали содржат никотин или не“.

Овие производи, кои често се прогласуваат за побезбедна алтернатива на традиционалното пушење, сè уште ги изложуваат пасивните пушачи на штетни хемикалии. „Доказите за употребата на новите производи како помош за откажување од пушење се неубедливи“, се вели во документот.

„Новите докази сугерираат дека гасовите од електронските цигари, исто така, ги изложуваат пасивните пушачи на сериозни нивоа на токсични честички и загадувачи“, се вели во нацртот.

Клучна карактеристика на предлогот е проширувањето на забраната за пушење на различни отворени простори, што досега беше регулирано од случај до случај во одделни земји-членки.

„Нивото на покриеност на правилата за забрана на пушењето во голема мера зависи од видот на околината, а општото ниво на покриеност на надворешните простори со политиките за забрана на пушење е слабо“, рече Комисијата за да ја оправда потребата од пошироки мерки за заштита во јавните простори.

Според новите упатства, отворените или полуотворените простори, дефинирани како делумно покриени или затворени простори како што се покриви, балкони, тремови и тераси, поврзани со услужни објекти како ресторани, барови и кафулиња, треба да станат зони без пушење.

Јавните транспортни центри, вклучително и автобуските постојки и аеродромите, исто така ќе бидат опфатени, а пушењето исто така ќе биде забрането во надворешни простори поврзани со работни места, болници и домови за стари лица. Вклучени се и рекреативните области каде што се присутни деца, вклучувајќи јавни игралишта, забавни паркови, базени и зоолошки градини, како и образовни објекти од градинки до универзитети.

Предлогот на Комисијата, кој првично беше планиран за јануари, беше одложен, што предизвика загриженост за посветеноста на ЕУ на ова прашање.

Реформата поврзана со Директивата на ЕУ за оданочување на тутунот сега исто така е одложена до 2025 година, а некои поставија прашања дали тутунската индустрија влијаела на одлуките.

Во извештајот од декември 2023 година, омбудсманот на ЕУ ја критикуваше Комисијата дека не открива детали од состанокот со лобистите од тутунската индустрија.

И покрај овие неуспеси, комесарката за здравство во заминување Стела Киријакидес се чини подготвена да ги ажурира препораките на Советот утре, само неколку недели пред крајот на мандатот на Комисијата. „Употребата на тутун, зависноста од никотин и болестите поврзани со тутунот не треба да имаат место во иднината на Европа“, рече Киријакидес.

Ревидираните упатства се дел од поширокиот план на Комисијата за борба против ракот, чија цел е да се постигне „генерација без тутун“ до 2040 година, да се намали употребата на тутун за 30% до 2025 година и да се намали процентот на пушачи во ЕУ на само 5%.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ