сабота, 9 ноември 2024

ЕУ ѝ дава 35 милијарди евра на Украина. Бугарска пратеничка: Крадете руски пари

Европскиот парламент одобри вонреден заем за Украина во износ од 35 милијарди евра, кој ќе се отплаќа со идните приходи од замрзнатиот руски имот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европратениците со 518 гласа за, 56 против и 61 воздржан во Стразбур ја поддржаа новата финансиска помош за Украина, објави Европскиот парламент.

Овој заем е дел од пакетот на групата Г7 одобрен во јуни, со кој Украина се задолжува во износ до 50 милијарди американски долари. Конечниот износ на ЕУ би можел да биде помал, во зависност од големата на заемите кои ќе ги дадат другите членки на Г7.

Со украинскиот механизам за кредитна соработка, нововоспоставена рамка, на Киев ќе му се стават на располагање идните приходи од замрзнатиот имот на Руската централна банка кој е запленет во ЕУ. Тие средства ќе ѝ помогнат на Украина да го отплати замот од ЕУ и другите партнери од Г7. Средствата може да се употребат за сервисирање и отплата на заемите, но Киев може да ги употреби средствата и по соопствена одлука.

Заемот е условен со континуирана посветеност на Украина на зачувување на ефикасните демократски механизми, почитувањето на човековите права и други услови кои треба да се утврдат со меморандумот за разбирање, се наведува во соопштението.

Шведската пратеничка Карин Карлсбро, известувачка на ЕП за Украина, истакна дека товарот на обновата на Украина на крајот ќе го сноси Русија и дека таа е одговорна за разурнувањето на таа земја.

„Украина и понатаму се спротивставува на руската агресија, а нејзините храбри граѓани се борат не само за сопствената егзистенција и слобода, туку и за одбрана на демократијата, човековите права, слободите и меѓународното право за сите нас. Потребата за финансиска поддршка е голема и итна. Русија мора да плати за нападите на Украинците и уништувањето на украинската инфраструктура, градовите, селата и домовите. Товарот на обновата на Украина ќе го сносат оние кои се одговорни за нејзиното уништување, односно Русија“, кажа Карлсбро.

Бугарската европратеничка Рада Лајкова од десничарскиот клуб Европа на суверени нации ја обвини Европската Унија дека со овој заем ги краде руските пари и парите на сопствените граѓани и истакна дека тоа им испраќа порака на инвеститорите дека имаат работа со крадец.

Во ЕУ се запленети околу 210 милијарди евра руски имот, кој и понатаму е замрзнат врз основа на санкциите воведени во 2022. Владите на ЕУ одлучија ќарот од тој имот да го употребат за поддршка на воените напори на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ