Според шефицата на одделот Кристи Талвинг, според анкетите, спомнувањето на руските канали како важен извор на информации во текот на годината е намалено од 33 отсто на 11 отсто, а довербата во нив од 40 отсто на 18 отсто.
„Врз основа на овие податоци, можеме да кажеме дека работата на заштитата на естонскиот информациски простор е ефикасна“, кажа Талвинг.
Таа додаде дека во Естонија веќе е забрането емитување на 50 руски телевизиски канали и дека е ограничен пристапот до 80 сајтови, кои се веќе санкционирани.
Во соопштението се додава дека ТТЈА продолжува да ги следи останатите ТВ канали и интернет страници, како и дека ќе продолжи да ги информира телекомуникациските компании за ТВ каналите и сајтовите кои треба да се сопрат во Естонија поради западните санкции.
Поради конфликтот во Украина, против Москва се воведени стотици рестриктивни мерки, вклучувајќи блокирање на агенциите РТ и Спутник. Страниците на овие медиуми не им се достапни на европските корисници преку пребарувачот на Гугл, додека нивните канали се цензурирани на платформите Јутјуб и Мета (Фејсбук).
Шефот на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез изјави дека забраната на руските медиуми во Европската Унија е „опасен преседан кој ја загрозува слободата на печатот“.