Не, не пристигнала есента. Но лисјата паѓаат! Летото не попуштило. Температурите и натаму одат над 30 степени. И дожд врне повремено, ама не е есенски. Грми и татне.
Дождот не ѝ помага на тревата да се раззелени. Жолта и сува крцка под нозете. Малку е овој дожд за да живнат дрвјата. Цели гранки им се сушат.
Да, летните горештини повисоки и од 40 степени со недели ја пржеа земјата и вегетацијата без да капне капка дожд.
Оваа трева и овие дрвја во најзелените мали паркови во Ново Лисиче во минатите августи беа зелени. Не дека летото било поблаго или било дождливо. Прскалки прскаа и наутро и навечер.
Ама, дали сега работат прскалките? Или пак, кој треба да ги одврти вентилите?
Ех, вечно Скопје.
П.Џ.