сабота, 15 март 2025

Ердоган: Заедничко планирање на безбедноста на Европа со Турција е во интерес на двете страни

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека заедничкото планирање на безбедноста на Европа со Турција ќе биде во интерес на двете страни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган истакна дека нема оправдување за исклучување на Турција од програмата за набавки на одбранбени производи на ЕУ и програмата за реконструкција, јавува Анадолија.

Тој потврди дека Турција продолжува на својот пат кон членство во ЕУ и повика на стратешки пристап во продолжувањето на пристапните преговори.

Тој, исто така, ја истакна важноста на вклучувањето на Турција во механизмите како што е Европскиот мировен фонд, кој е фокусиран на обновата на Украина.

Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган ја истакна важноста од силна дипломатска основа и повика на итен прекин на огнот и прекин на нападите како мерка за градење доверба меѓу страните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ