недела, 13 октомври 2024

Ердоган за реформа на Советот за безбедност на ОН

Објавено на

часот

Сподели

„Сегашниот поредок, кој ја заробува судбината на човештвото меѓу усните на пет земји, не е одржлив. Има итна потреба да се реформира Советот за безбедност на ОН со инклузивно и сеопфатно разбирање“, рече турскиот лидер на ифтар со странските амбасадори и дипломати во неговата земја.

Ердоган рече дека неговата земја сега ги жнее плодовите од својата претприемничка и хуманитарна надворешна политика, при што бројни земји навалија да ѝ помогнат на Турција по разорните земјотреси што ја погодија на 6 февруари.

Коментирајќи ја руската војна против Украина, Ердоган го изрази своето уверување во можноста за одржување праведен мир што ќе им овозможи на двете страни да добијат чесен излез и што ќе го извлече регионот од вителот во кој е вовлечен.

Тој исто така рече дека Турција е свесна за игрите со зборови, дипломатските и воените трикови на вооружените групи и рече дека Турција внимателно ги следи сите „терористички закани“.

Во врска со неодамнешните напади врз светата книга на муслиманите Куранот во европските земји, Ердоган рече дека тоа е неприфатливо и рече дека станува збор за злосторство од омраза.

„Овие злосторства, кои не само што навредуваат близу две милијарди муслимани, туку и ги разлутуваат, мора веднаш да се прекинат“, рече турскиот претседател Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ