Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека терористите, кои извршија бомбашки напад пред Министерството за внатрешни работи во Анкара, не успеале во „последниот обид“ да го загрозат мирот и безбедноста на граѓаните.
„Тие не ги постигнаа своите цели и никогаш нема да ги постигнат“, рече Ердоган при обраќањето пред пратениците во турскиот парламент.
Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги обезбедува своите јужни граници од милитантите кои доаѓаат однадвор, пренесува Ројтерс.
Владата на Турција претходно соопшти дека денеска двајца терористи извршиле бомбашки напад пред зградата на МВР во Анкара, при што се повредени двајца полицајци.
Едниот напаѓач се разнесе, а другиот беше убиен од полицијата, соопштија локалните власти.
Нападот се случил во централниот кварт Кизилај, на денот кога Ердоган требаше да присуствува на седница на парламентот, кој се наоѓа на километар од зградата на МУП.