вторник, 15 октомври 2024

Ердоган ги повика муслиманските земји на состанок за војната во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Организацијата за исламска соработка да свика вонреден самит на кој ќе се разговара за војната во Газа и „Израелските напади врз Ерусалим“, пренесува денеска Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган, отворен критичар на Израел за време на војната на земјата против милитантната група Хамас во Газа, во текот на викендот ги повика исламските земји да формираат сојуз против израелскиот „експанзионизам“.

Говорејќи по состанокот на владата во Анкара, Ердоган рече дека Израел ја гаѓал џамијата Ал Акса во Ерусалим како дел од својата „експанзионистичка“ кампања. Ерусалим и таа џамија, позната кај Евреите како Ридот на храмовите, беа „црвената линија“ на Анкара, додаде тој.

Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) има 57 земји-членки и се претставува како колективен глас на муслиманскиот свет.

„Незамисливо е ОИЦ, чија должност е да се грижи за ерусалимското прашање, да остане рамнодушна кон овие напади. Организацијата треба итно да се состане на лидерско ниво, без да губи време“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција ќе се обрати до Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради убиството на Американката со турско потекло Ајсенур Езги Ејги од страна на Израел на протестот на Западниот Брег минатата недела.

„Ќе ги преземеме сите правни чекори“, вети Ердоган.

„Израелското раководство што изврши геноцид апсолутно ќе одговара за злосторствата што ги направи“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ