„Нови проекти и целосна диверзификација на портфолиото на нашите енергетски компании, консолидација и зајакнување на нивните перформанси се клучни цели кон кои решително тргнуваме во реализација. Целиме кон зајакнат, модерен и доверлив електроенергетски сектор, подготвен за претстојните предизвици кои доаѓаат со зелената транзиција“, рече Божиновска.
На крај се разговараше околу посетата на министерката Божиновска на почеток на септември во САД, на која што работна посета ќе оствари средби на високо ниво.