„Реков дека во таа декларација (декларацијата на бугарскиот парламент за македонското пристапување во ЕУ, н.з.), која е многу добра, има голем пропуст – го нема најважното. А што е најважното? Што ѝ кажа Мицковски при официјалната посета во Брисел на Урсула фон дел Лајен? Ако Бугарија сака Бугарите да бидат впишани во македонскиот устав, на реципрочна основа треба да го признае македонското малцинство во Пиринскиот крај. Знаете дека Бугарите го имаат признаено македонското малцинство во 1947 година, по наредба на Коминтерната, односно повеќе од безумието на бугарските комунисти и ‘Татковински фронт’ (Отечествен фронт). Дали Бугарија го признала македонското малцинство? Го признала во 1947 година! Сака ли Бугарија да ги впише Бугарите во македонскиот устав? Сака! Тогаш на реципрочна основа, ние тврдиме дека во Пиринскиот крај има Македонци, за кои имаме докази – 13 пресуди во Стразбур за ОМО Илинден. Што одговори Урсула фон дер Лајен? Молчеше, не рече ништо! Значи нема одговор“, предупредува Енчев дека Бугарија ќе треба да се соочи со потребата од реципроцитет за малцинствата во односите во Македонија.
Велизар Енчев како најголем пропуст на декларацијата на бугарското собрание, врз чија основа се спроведува блокирањето на европскиот пат за Македонија, и која на непринципиелен и неевропски начин е вградена во преговарчката рамка на ЕУ за Македонија – го наведува токму неспоменувањето на македонското малцинство во неа.
„За првпат Македонија го европеизира, интернационализира прашањето за македонското малцинство во Бугарија, а во декларацијата на бугарскиот парламент нема ниту еден збор. Тоа требаше да биде во преамбулата на декларацијата. Тоа е најстрашното!“, констатира Велизар Енчев.
Ј.П.