Состојки:
За тестото:
85 г какао во прав
250 г брашно
500 г шеќер
прстофат сол
3 ќесички прашок за печиво
1 ванилин шеќер
350 мл млеко измешано со 1,5 лажица лимон
130 г сончогледово масло
3 јајца
За кремот:
500 г обичен путер
500 мл млеко
200 г шеќер
1 ќесе пудинг од ванила
300 г путер од кикиритки
За филот:
1 тегла џем од малини
7 банани
За преливот:
200 г чоколада
200 мл хопла
малини, за украс (може и смрзнати)
Приготвување:
За тестото: загрејте ја рерната на 170 степени.
Сварете го какаото во 300 мл врела вода и оставете го да се олади.
Измешајте ги сите суви состојки за тестото заедно.
Во 350 мл млеко додајте 1,5 лажица лимон и оставете го 10 минути, да се засири. Потоа додајте го кај сувите состојки, заедно со маслото и јајцата, и матете додека смесата да се изедначи. На крај додајте го течното какао, убаво измешајте и оставете го тестото да отстои околу 1 час.
Префрлете го тестото (нема проблем ако е потечно) во тава за печење, обложена со мрсна хартија, и печете го околу 25-30 минути. Оставете го да се олади.
За кремот: зовријте 400 мл млеко со 200 г шеќер. Настрана измешајте го пудингот во прав со останатите 100 мл млеко, додајте ја смесата во зовриеното млеко и гответе околу 3 минути мешајќи (како за пудинг). Оставете го да се олади.
Матете го обичниот путер додека да стане кремаст. Додајте му ги оладениот пудинг и путерот од кикиритки и мешајте додека да добиете еднолична смеса.
За филот: намачкајте го тестото со џемот од малини.
Исечете ги бананите на половина по должина и наредете ги врз џемот со исечената страна надолу. Одозгора намачкајте ја смесата од путер од кикиритки.
Ставете го колачот најмалку 1 час во фрижидер.
За преливот: искршете ја чоколадата на парчиња. Во меѓувреме, зовријте ја хоплата и додајте ја чоколадата за да се стопи. Оставете ја смесата од чоколада малку да се олади и прелејте ја врз оладениот колач.
Украсете со малини и послужете.